Сè уште нема одлука кога ќе се отворат градинките, за угостителите ќе се знае за кратко

Нема прецизен одоговор кога градинките ќе почнат со работа . Комисијата за заразни болести и Владата се уште работат на протоколот кој треба да гарантира безбедност на децата. По евентуалното укинување на вонредната состојба голем број луѓе ќе се вратат на работа , па надлежните ќе мора да најдат решение за згрижување на  децата што нема кој да ги чува.  Дотогаш ќе важат уредбите на Владата за ослободување на еден родител од работа за дете до 10 години.

„Во секој случај, сакаме да порачаме дека децата нема да останат незгрижени. Значи, услугите кои стојат на располагање дали значат отворање повторно на градинките или продолжување на мерките што сè уште важат, а тоа е ослободување од работа и работни активности на родител кој се грижи за дете што посетувало градинка или дете до 10-годишна возраст, сè уште се во сила и тие продолжуваат да важат“. – изјави на денешната прес-конференција дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ

И не само за градинките се уште Владата молчи и за начинот на кој ќе почнат да работат кафулињата, рестораните, обожувалниците..  Додека се зборува дека веќе во понеделник угостителските објекти ќе ги отворат вратите за гости, министерот за економија вели одлуката ќе падне за кратко, по препорака на Комисијата за заразни болести. Откако вчера угостителите се пожалија дека 95% од нив не се задоволни од мерката за исплата на минималец, министерот за економија денеска вели дека не е запознаен со овие бројки.

Министерот најави дека се подготвува и трет сет мерки, но не одговори дали со нив ќе се скратат платите на административците. Бектеши останува на ставот дека кратење на платите во јавната администрација не треба да има.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста