Се уште нема информации што се изгоре во пожарот во инспекторатот за животна средина

„Истрагата е во тек, се утврдуваат причините за пожарот“ – ова е очекуваниот наратив кој доаѓа од истражните органи по некоја катастрофа како пожар или поплава кога ќе се случи во некоја државна институција. Разбирливо е дека во првите 24 часа и не може да се открие кои биле причините за непогодите, но загрижува фактото што на тоа се се завршува. Ќе дознае ли јавноста што изгоре во катастрофалниот пожар кој се случи вчера во просториите на Државниот инспекторат за животна средина и дали ќе се утврди што била причината за пожарот? Инспекцииски надзори на ОХИС, конторла на отпадот што влегува во државата, извештаи од надзор и конторла за заштита на животната средина ова се само дел од надлежностите на оваа државна институција, а сета документација според кажувањата на вработените е уништена. Од државниот инспекторат денеска нема информации дали е утврдено што се е изгорено, и што останало во електронска форма, дали под знак прашање се доведени некои постапки кои биле покренати од оваа институција? Оправдани се шпекулациите во јавноста дека и овој пожар ќе заврши како и оние од претходно, како тој во министерството за правда кој се случи пред 2 години. Во пожарот тогаш беше уништена документација за меѓународна правна помош, но и делот за финасии и сметковотсво, но ниту се најде виновник, ниту пак причина што го предизвика пожарот.

Во март лани, вода ги ондесе доказите во СЈО, наводно пукната цефка беше причината за да се уништат документи од постапки кои ги водеше обвинителството на сега обвинетата Катица Јанева. Што точно потона во заборав не се откри никогаш.

Во 2013 голема огнена стихија ја зафати главната пошта во Скопје, за овој пожар казна заработи внукот на Рафиз Алити тогаш прв човек на Пошти, кадар на ДУИ.

За овој пожар никој не одговараше.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста