Се урива градското пливалиште во Охрид иако не смее да се допира

Пет дена во крајбрежниот појас на езерото  кој спаѓа во строго заштитени зони, каде не се дозволени никакви градежни интервенции, со механизација се прокопуваше градското пливалиште.Откако багерите направија пустош- на терен се појавија  општинските инспектори.Направиле записник и изрекле забрана за вршење на понатамошни активности. Механизацијата ја повлекле,остававајќи го пливалиштето послано со песок,камења и чакал.

Од Пливачкиот клуб “ Струга “ во чија сопственост е пливалиштето и кои самоволно го прокопаа и тампонираа за да направеле базен,дури сега до Дражниот инспекторат поднеле барање за  отстранување на наносниот матерјал од пливалиштето. Претседателот на клубот,Ѓоко Чуркоски не крие дека крајна цел им е на пливалиштето да направат базен, а просторот да го претворат во угостителски комплекс.

  • Кога ќе биде изготвен детален урбанистички план, а тоа уште го нема општината,односно сите општини што го делат крајбрежјето, го немаат дуп-от на приобалниов појас ,со тоа ќе се решаваат идните решенија како инфраструктура,дали ќе има тука повторно и од каков тип трибини, угостителство.Што ако не Ви одобрат ресорните министерства и остане само вака послано со песок ?По ГУП-от тука си е базен и ние имаме понднесено барање да се реализират со ДУП вели Ѓоко Чуркоски-претсед.на П.К.Струга.

Инспекторот за животна средина, Митко Коркутоски вели дека по извршениот инспекцискси надзор констатирале дека раководството на клубот немало дозвола за вадење на наносен матерјал,ниту одобрен елаборат за животна средина,а недостасувал и основен проект.Предметот е сега во рацете на Државниот инспекторат за животна средина.

  • Доколку Државниот инспекторат го одбие барањето на Пливачкиот клуб  ‘’Струга’’ ќе мора пливалиштето да го вратат во првобитна состојба,осносно да го остранат сиот насипен матерјал со кој е натрупано пливалиштето вели Митко Киркутоски-раководите на сектор за инспекциски надзор.

Но од Комсијатаза управување со светското природно и културно наследство велат дека за овој непромислен зафат, некој мора да понесе одговорност. Нејасно е велат како некој може да се појави како стопан на дел од езерото. Гратското пристаниште е само искористен простор од езерските води и никако не може да биде приватна парцела како што некој ја завел во Агенцијата за катастар.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста