Се тактизира со изградбата на двете мини хидроцентрали во Кочани и Пробиштип
Се тактизира со изградбата на двете мини хидроцентрали на Мала река во КОчани и Шталковица во Пробиштип. Министерот за животна средина,топката ја префли кај градоначалниците. Тој денес од Штип им порача дека треба уште еднаш со граѓаните да ги разгледат овие проекти и да ги известат доколку има нови мислење, односно се спротиставуват на нивната изградба.
„Градоначалниците треба уште еднаш да ги разгледат овие прашања и да ни пратат ново мислење. Евентуално ако има ново мислење , ние ќе го смениме и нашето решение„ -изјави министерот за животна средина Насер Нуредини, денес во Штип.
ПОдолго време граѓаните на КОчани и пробиштипското село Турско рударер се против изградбата на мини хидроцентрал. Еколошките здруженија се децидни дека инвеститорот и општината никогаш не организирале јавна трасправа на оваа тема, па поради тоа ќе покренат иницијатива за распишување на референдум.
Денес во Штип министерот Нуредини најави дека е изготвен Акциски план за заштита на Преспанското езеро. Доброволно се ангажирани дваесетина експерти кои треба да дадат одговор на прашањето дали покрај природните причини, виновни за намалувањето на нивото на водите е и човечкиот фактор.
„Овде клучна е трилатералната соработка помеѓу нашата земја и соседите . Ние повикавме тој комитет да се состане. Проблемот со нивото на езерата се одоговлекува со декади . Не може да се реши веднаш.сакаме тоа да се случи природно„– изјави министер за животна средина Насер Нуредини
Во меѓувреме инспекторите се уште го подготвуваат извештајот во врска со испуштањето на темната супстанца во Дебарското езеро , која пред шест дена предизвика угинување на живиот свет во езерските води.
Александра Ристевска