Се стопира вработувањето по етнички клуч, додека уставните судии не одлучат дали се коси со Уставот

Се стопира вработувањето по етнички клуч, додека уставните судии не одлучат дали се коси со Уставот

Од утре нема повеќе вработувања по етничка припадност се додека уставните судии не пресечат дали т.н. балансер се коси со Уставот.  По неколкучасовна дебата тие го замрзнаа балансерот се додека не донесат конечна одлука. Алатката Балансер според која се вработувашеод 2016 –та наваму,  е спорна за повеќето уставни судии, па Уставен оформи предмет за иницијативата на  Антикорупциската комисија, со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите. Дебата меѓу уставните судии беше тензична, бидејќи тројца од нив: Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се против оспорувањето на етничките вработувања, со образложение дека тоа би можело да предизвика меѓуетнички тензии.

Времената мерка за вработувањето по етничка припадност важи за сите огласи кои од утре натаму ќе бидат објавени.

Уставен суд одлучува по иницијативата поднесена од стариот состав на Антикорупциска. Поранешниот антикорупционери во иницијативата до Уставен оспору три акти кои ги содржат заборовите „припадност на заедница“.

Оспорен е член од Законот за вработените во јавниот сектор, член од Законот за административни службеници, членови од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас и таканаречениот Балансер.

Според поранешните антикорупционери со ова им се наметнува обврска на кандидатите, во пријавата за вработување да наведат и припадност на заедница, со што се прекршува уставното загарантирано право на слободно изразување на националната припадност.

Тие во иницијативата ужажуваат дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо, а не е ниту општ, ниту посебен услов за вработување на административни службеници пропишан со законите.

Зошто после 23 години Уставен сега одлучува за вработувањата по етничка припадност, според портпаролката на Уставен тоа е заради тоа што уставните судии расправаат согласно поднесената иницијатива од Антикорупциска. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста