Се шири отпорот против планот на Власта за образовните реформи

Професори по ликовно и музичко образование контра концепцијата за реформите во образованието. Алармираат дека е неприфатливо спојување на предметите во еден и намалување на фондот на часови. Споредувајќи го најавениот, со финскиот, германскиот и францускиот модел, презентираа низа пропусти кои според нив мора итно да се поправат. Министерката за образование Мила Царовска ги сослуша, но половично, без намера да прифати дел од нивните забелешки, ја напушти онлајн дебатата поради други обврски и не даде можност за новинарски прашања.

Професорката Виолета Симјановска која живее и работи во Финска, вели дека Македонија не може да го спроведе финскиот модел се додека не се реши проблемот со партиски вработувања и делумно квалитетен кадар.

„Многу ќе биде тешко да се спроведе концепцијата во помалите места, во училиштата каде доминираат партиски вработувања. Квалитетот на кадарот е многу важенЧ – вели професор Виолета Симјановска.

Социолозите сметаат дека проблемот лежи во настојувањето на општеството креативноста да ја рангира како неважна.

„Грото тенденции во општеството е дека креативноста не е важна, младите немаат доволно можност да се истакнуваат, да ги истакнуваат нивните чувства, нивното разбирање на светот“ – вели социологот Антоанела Петковска, универзитетски професор.

Експертската фела реагира зошто за новиот модел одлучувале само педагози и психолози, а не претставници од засегнатите предмети. Ликовните педагози предупредуваат дека единствениот предмет со кој се развива креативноста со новата концепција е поставен на маргините на образованието со тенденција да се укине.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста