Се редат пријави против газдата на „Баргала“ за отказите на стотина вработени

Вработените во фабриката за чевли „Баргала„ кои добија откази поради тоа што три дена не се јавиле на работа, од денес почнаа со поднесување на приговори. Тврдат дека сопственикот на штипската фабрика , на подмолен начин ги избркал, а во време на пандемија ги оставил и без здравствено осигурување.

  „На 11 сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16 не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш е било така, не само сега –изјави Македонка Данева, вработена во фабриката Баргала, која за четири месеци треба да оди во пензија.

„Не избркаа како кучиња!Не сме биле три дена на работа. А ние не три дена, три месеци не сме на работа„-изјави Борка Стоиловска

И од Сојузот на синдикати со став дека стотината работници незаконски се отпуштени од работа. Најавија и пријава до Јавното обвинителство.

   „Од страна на претпоставените им било кажано да не доагаат на работа се додека не бидат повикани. Во конкретниот случај се работи за класична измама. Вчера поднесовме пријава до Државниот трудов инспекторат, а сега подготвувавме матерејали да поднесеме пријава до Јавното обвинителство„-изјави Весна Кузманова Тодоровска од ССМ.

Вработените се категорични, си ги бараат трите заостанати плати, велат револтот е уште поголем  и поради тоа што во целост не ги добиле парите што на сопственикот како помош му беа доделени од државата.

„Требаше да земеме по 14.500денари,а некој од нас зедоа и по 9.000денари„ –изјави Љуба КОстадинова.

 „Сите имаме сметки, кредити, банки не гонат. Од каде да платиме ?Не знам како ќе преживееме?„-вели работничка во  Баргала

Алфа стапи во контакт со сопственикот на фабриката за чевли „Баргала„ кој најави и негово видување на целата ситуација.За случајот со отпуштањето на стотината работници се огласија и од Гласен текстилец од каде се надеваат дека Државниот трудов инспекторат ќе ги поништи отказите на работниците.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста