Се растура ли бракот на Владата со невладините организации?!

Влада и невладините организации го растурија бракот и влегоа во отворен судир. Причината е кратењето на државните пари. Истите невладини кои помогнаа СДСМ да дојде на власт сега се лутат на владата затоа што им скрати 15 милиони денари. Се заканија дека ќе ја прекинат соработката со Владата доколку итно не се направи ребаланс на буџетот и не им се обезбедат парите што досега ги добивале. Случајот стигна до ниво владата на СДСМ да се искара и со претставниците на Сорос во Македонија.

-Доколку ставот на Владата на Македонија не се промени и не се пристапи кон итен ребаланс на буџетот, со што ќе се обезбедат дополнителни 15 милиони денари од буџетот за реализација на предлог програмата на Генералниот секретаријат на Владата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година, членовите на Советот од редот на граѓанските ќе ја бојкотираат работата на ова советодавно тело, се до конечно решавање на ова прашање, изјави Фани Каранфилова Пановска, претседател на Фондацијата Отворено Општеството.

Како што е познато, невладините организации одиграа голема улога во инсталирањето на СДСМ на власт, пред се олицетворени во таканаречената Шарена револуција. Но, по 5 години власт, се погласни стануваа критиките и незадоволството на дел од овие невладини организации за работата на Владата. Но очигледно, кратењето пари ја прелеа чашата. Инаку, пресвртна точка беше и таканаречената бомба во која екс-премиерот Заев го нарече шуто и рогато.

Но невладините организации не се соочуваат само со проблемот на кратењето на пари од Владата, туку и со приливот од странство. Поради војната во Украина, голем дел од државите кои досега префрлуваа значителни суми на пари за преживување на невладините кај нас, сега ги пренаменуваат за дурги цели.

Парите што им ги скрати Владата сега ќе бидат пренаменети за Црвениот Крст, но и во рацете на Артан Груби, кој преку своето министерство за политички систем ќе решава кој ќе ги добие.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста