Се проширува листата на производи со „замрзнати“ цени, оризопроизводителите гневни, експертите бараат Владата да помогне со користење на државните резерви

Најавата дека и оризот би можел да се најде на листата на производи со замрзнати цени ги вознемири земјоделците од Кочанско. Стравуваат дека ова би предизвикало уште еден сериозен удар врз оризопроизводството. Пред стартот на новата сеидба евентуалното замрзнување би можело да ги стави пред свршен чин, па многу полиња да останат непосеани.

„Сегашните откупни цени се доста некоректни со производствените трошоци со ѓубривата и препаратите. Секое замрзнување на цената како за арпата, така и за оризот би значело катастрофа за производството на ориз. Секоја надеж би згаснала бидејќи ние не можеме да планираме ново производство доколку немаме план за покачување на цените“, изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од Чешиново-Облешево.

Минатата недела Владата донесе антиинфлаторни мерки. До 31 јануари наредната година да се замрзнат цените на основните производи. Според проф.Љупче Давков од УГД-Штип по завршувањето на мерката, рокот доплнително би можел да продолжи од еден до два месеци за да се избегнат одредени инфлаторни шокови кои би можеле да следуват. За производителите и увозниците ги амортизират загубите државата може да помогне во користење на државни резерви на некој од овие продукти или да се интервенира во делот на тршоците што ги имаат увозниците.

„Тоа се некој основни мерки каде што државата може да им помогне на увозниците и производителите за на некој начин ги амортизира загубите. Бидејќи тие увозници и производителина овие производи може да издржат со својте залихи до некој определен период без никаква државна интервенција. ПОтоа државата ќе мора да интервенира ако сака да го продолжи овој период на фиксирање на цените“, изјави проф.Љупче Давков-Економски факултет-УГД-Штип.

Дел од експертите посочуваат дека мерката е задоцнета, а замрзнувањето на цените е краткорочно решение. Засега не постои опасност одредени продукти да исчезнат од рафтовите на супермаркетите. Се очекува до средината на 2022 година цените полека да паѓаат, но не и да се вратат на нивото кое што беа пред ковид-кризата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста