Се проширува истрагата за случајот „Криминална империја“ –  И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? 

Се проширува истрагата за случајот „Криминална империја“ –  И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? 

Епскиот криминал во случајот „ Криминална империја“ се расплеткува на повеќе  нивоа и  открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното .

Според извори од истрагата, во случајот „Крмзов“ испумпани биле милиони од државната каса преку фирми на косовски државјани со измислени имиња преку фиктивен поврат на ДДВ.  Обезбедени се два камиони докази, а постои можност истрагата да стигне и до поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска како и поранешната директорка на Централниот регистар .

Според информациите до кои дојде Алфа, за криминалот и за работењето на Лукаревска,  почнале да зборуваат и лица одвнатре, дел од Управата , па веројатно ќе се истражува дали и таа замешала „прсти“ во криминалната империја.

Инаку пинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски во последното негово интервју посочи дека МВР поседува докази за корупција кај довчерашни високи функционери. Но не откри за кого станува збор и дали се поврзини со случајот „Криминална империја“, , но најави дека секој што се огрешил пред законот ќе се гони.

Мислам дека е јасен знак дека битката со криминалот и корупцијата е почната. Борбата со овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат. Многу е мал бројот на човечки ресурси на соодветно професионално нови коишто се во рамки на институциите, коишто треба да се борат со тој криминал, немало соодветни обуки, лош менаџмент на техничките средства. Но, јасна е посветеноста на оваа раководство и оваа влада за борбата со корупцијата со високиот криминал, сакаме да се бориме и ќе се бориме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Претсресите кои почнаа во четвртокот, продолжиле и вчера во Струмица. Истражните органи влегле во уште два магацина на бизнисменот Крмзов, а  меѓу главните дела за кои се товарат лицата под истрага е оштетувањето на Буџетот. Само во еден случај биле прикажани 880 милиони денари за поврат на ДДВ .

Крмзов, кој важи за близок на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, се сомничи и за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресите во Струмица, гостивар и Скопје биле пронајдени дијаменти и документи за кои постои сомнеж дека се дел од милионската проневера.

Претреси биле извршени во повеќе фирми, како и во домови на дел од осомничените но и во познатата „Вила Парк“ во Струмица, локал за кој јавна тајна е дека зад него стојат Заеви, но официјално има друг сопственик.

Во криминалите со кои се поврзува семејството Заеви е и испумпување на пари од поранешната Еуростандард банка, односно биле земани кредити и не биле враќани.  Своевремено Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека струмички фирми блиски до семејството Заеви, меѓу кои и фирма на братот на премиерот Зоран Заев, не плаќале кредити во банката  и така оствариле добивка близу 13 милиони евра.

Инаку акцијата за случајот „криминална империја“  за кој постојат сомнежи за повеќе кривични дела заеднички ја спроведуваат полицијата, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, УЈП во соработка со Министерството за финансии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста