Се повеќе болни, но и се повеќе гладни усти

Кризата од пандемијата не ја изостави и најранливата група граѓани. Се зголемил бројот на бездомници и социјални случаи во првите два месеци од корона кризата кои побарале храна  од организациите на ретвитни оброк на територија на Скопје, а истовремено се намалиле донаторите односно компаниите и индивидуалците – клучните елементи за да може храната да се подготви- вели за Алфа Тони Станковски од организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци.

  • Бројот на корисници на кои што им беше потребна помош порасна. Имаше поголем број на луѓе кои не контактираа и на кои им беше потребна помош , така да согласно нашите услуги и можности се трудевме соодветно и да одговориме на истите.  Седмично, секоја сабота, делиме од  170-230 оброци на неколку локации во градот. Во првите 20, 30 дена се  осети многу на донациите.  Некако прекрати оддеднаш. И во делот на компаниите и во делот на луѓето. На некој начин ова не затекна сите нас..рече Алфа Тони Станковски од организација „Љубезност“.

Пандемијата не запира тука. Од Црвен Крст за Алфа велат дека со кризата не е зголемен бројот на  бездомници ама е зголемен бројот на луѓе кои се обраќаат до нив за посоодветни услови за живеење.

  • Немаме зголемување на бројот на бездомници туку бројот на лицата кои имаат несоодветни услови за живеење, и во овој период бараат можности да бидат сместени на поинакви места, во подобри услови, а тоа го правиме во соработка со министерството, во рамка на пунктовите во Визбегово, во контејнерите и постајана дистриуција на хиегиенски средства за да може да се превинира за работа вели Сузана Тунева Пауновска од Црвен Крст.

Корисниците на услугите на пукнтовите на Црвен Крст  ги следи лекарски тим кои ги третираат сите симптоми, па ги радува фактот дека досега има само едно семејство е позитивно на вирусот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста