Сè повеќе жени се охрабрени и почнуваат свој бизнис

Сè повеќе жени се охрабрени и почнуваат свој бизнис

Сè поголем број жени во Македонија се одлучуваат да отворат свој бизнис. Фризерка, козметичарка, педикир, се најбараните и најпопуларни занаети кај припадничките на понежниот пол. Почнуваат како поединечни занаетчитки, но потоа го шират и развиваат занаетот како успешен бизнис кој го освојува пазарот. Сузана Блажевска и Шпреса Нафи Селими, газдарици на добро познатите компании „Афродита„ и „Аура„ годинава се добитници на дипломи за најуспешни во својата дејност, козметиката.

„Преку обуките за возрасни многу жени прават преквалификации, се осамостојуваат, да отпочнат свој бизнис. Даваме обуки за квалификација и преквалификација на возрасни и овозможуваме работа во истите простории. Повеќе од 30 жени веќе се самостојни, отвориле свој бизнис ги усовршиле компетенциите и голем дел денес од нив имаат дипломи за мајсторство. Значи се самостојни и ги вршат своите услуги за женски претприемачи“, вели Сузана Блажевска, основач и сопственик на центарот за убавина Афродита

„Од денеска официјално мајстор, меѓутоа во козметиката сум многу години. Денешниот ден за мене е нешто посебен и ќе биде една мотивација за идните генерации затоа што ако се сака нешто, сè се може. Презадоволна сум, среќна за убавата соработка со занаетчиската комора, со колегите дружењето, испитите на едно многу високо ниво. Денес се надевам дека ќе биде поттик за сите млади и дека може да се има сопствен бизнис, може да се напредува и за лична сатисфакција да се постигне ова денес“, рече Шпреса Нафи Селими.

Инаку, денеска беше формирано и првото Здружение на жени претприемачи во Македонија, а Занаетчиската комора на Македонија, во соработака со партнерите од Германија рекоа дека ова здружение во иднина ќе биде од помош на сите оние жени кои ќе сакаат да се осамостојат и се решат да отворат свој бизнис.

„Токму тоа е целта да постојат здруженија кои ќе ги здружат жените претприемачки на едно место, бидејќи така со здружени сили тие полесно контактираат меѓу себе ги разменуваат своите искуства ги решаваат проблемите и тоа е таа вркса која што ние фактички сакаме да ја основаме за да ги зајакнеме токму нив и да ги поддржиме претприемништвото“, рече Ралф Хелрих директор на Занаетчиска комора Кобленц.

Жените си го наоѓаат се повеќе своето место во занаетчиството, вели Горан Ристовски претседателот на Занаетчиската комора.

„Па најчесто се одлучуваат за професии како фризер, козметичар. Тие се профили кои се најбарани“, рече Горан Ристовски, претседател на Занаетчиската комора.

Инаку денеска во Занаетчиската комора во Скопје се одржа Меѓународна конференција на тема „Предизвиците и потребите на жените претприемачи“. На настанот се собраа жени од повеќе земји и си разминаја искуства и доделија признанија за најуспешните.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )