Се повеќе семејства се жалат на високи и паушални сметки за струја

Семејство од Тетово наместо домаќинска,повеќе од една година плаќа индустриска струја,секој месец со високи и нереални сметки, а од ЕВН, иако известени, не им го решаваат проблемот.Но, ова е само еден од многуте примери.Семејства секојдневно се жалат дека сметките им се високи,а често и паушални.

Во иницијатива ‘Доста е” , која веќе со месеци дејствува и протестира поради ваквите проблеми, но, и против одлуката за поскапување на струјата,велат дека откако започнале со бесплатна правна помош, бројни семејства секојдневно доаѓаат со поплаки.Нивните адвокати веќе работат на неколку случаи и се надеваат дека ќе ја добијат правдата.

Борбата против ЕВН е тешка и долга, но, од иницијативата не се откажуваат.Мора велат, еднаш да се престане со крадењето од џебот на народот, а сметките кои стигаат за наплата да бидат реални, а не со огромни суми.Од “Доста е” и за оваа недела, в четврток, најавуваат  протест пред  зградата на ЕВН во Скопје-со истите барања,меѓу кои и повлекување на  одлуката, за поскапување на струјата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста