Се повеќе млади ја губат битката со вирусот – ниту еден надзор нема завршница

Со денови и месеци десетици семејства трагаат по вистината – дали поради лекарска грешка, пропуст во лекувањето или несоодветна терапија ги изгубиле своите најблиски. Се водат повеќе од 20 истраги, но ниту една не е завршена. Последно јавноста ја вознемири случајот со 22 годишната родилка, која починала на 9 –ти декември, а за овој случај јавноста дозна од вчерашниот Ковид-извештај. Родилката две недели се борела со опасниот вируус, а последните седум дена била на респиратор. Таа на 26 ноември во тешка состојба била префрлена во ГОБ 8-ми Септември. Од Гинеиколгија објаснуваат дека била примена во тешка здравствена состојба со високи и лоши параметри на згручување на крвта, висок шеќер и проблеми со тиродината жлезда.

Таа е дојдена на Клиниката на 23 ноември по трет пат. Предходно доаѓала, но одбивала да биде хоспитализирана во делот на ковид позитивните пациенти, односно суспекните случаи иако имала негативен тест. Но, нашата лабараторија покажува дека таа била ковид позитивна бидејќи ги имала симптомите. На 23 ноември била примена со мртов плод и лош лабараторски наод. Веднаш била префрлена во шок соба и била породена со царски рез.” – објасни д-р Јовановска, директорка на ГАК.

За родилката, постојат и сомнежи дека била жртва на семејно насилство. Но пацинетката и нејзиното семејство сомнежите ги негирале.

Таа дошла со крварење од слузниците, меѓутоа и самата состојба може да биде и од тоа. Пациентката во повеќе наврати ја прашувавме дали имала било каков обид за семејно насилство, таа негираше, исто така и семејството.” – кажа директорката Јовановска.

Во потрага по причините за смртта на младата родилка се вклучува и ДЗСИ. Инспекциски надзор од денеска почнува и за 28 годишното момче кое почина од Ковид19 пред три дена. И по повеќе од 20 дена трае енигмата како починала 41 годишната пациентка во штипската болница и дали има медицински пропуст во нејзиното лекување.

Освен инспекторите и Лекарската комора истражува за смртниот исход во 19 случаи. Но и овие предмети немаат завршница.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста