Се породи хрватска пејачка и на 41 година го доби своето прво дете

Хрватската пејачка Маја Шупут (41) и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов, вчера на 17 март станаа родители и го добија своето прво дете.

Маја Шупут со нова љубовна балада! - Радио Бубамара

Маја се породила во Загреб со царски рез и на свет донесе здраво момче, пренесува хрватскиот магазин „Стори“.

Се уште парот не се одлучил за името на момчето, но пејачката неодамна во една своја мистериозна изјава наведе дека името е заклучено во нејзиниот бележник и дека само таа го знае.

Инаку пред да се породи пејачката ја покажа својата детска соба како од бајките каде ќе престојува бебето.

Пејачката која е на прагот на педесеттата деценија веста дека е бремена ја откри со крената маичка под која на стомакот со црвен кармин напиша „бебе“.

Маја Шупут ги откри плановите за иднина: „Свадбата е следната година, а  кога ќе ми оздрави ногата ќе правиме бебе“ – Вистина.мк

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста