Се поголем број хоспитализирани во Тетово, слободни места уште малку,модуларната и натаму под клуч

Не попушта притисокот врз тетовската клиничка болница.Бројот на заразени постојано расте,капацитетити се речиси исполнети, а персоналот преморен. Во моментов има 38 хоспитализирани,сите со потешка клиничка слика.Лекарите молат граѓаните да бидат повнимателни,оти вирусот особено овој трет бран е велат,поагресивен и не поштедува никој, па дури ни младите.

Овде сите пациенти што ги имаме се кислородно зависни, имаме и пациенти на неинвазивен апарат.Околу 90 % од капацитетите ни се пополнети.Фала на Господ сила што дава на персоналот,никој не се жали, ама гледам дека се исцрпени, повеќе од една година без одмор, без ништо..– рече Д-р РУЖДИ РЕЏЕПИ- Пулмолог во Ковид центар Тетово.

Вакцинацијата во Тетово на лицата постари од 77 години започнува во петок.Матичните лекари велат дека има интерес, но, предупредуваат, лицата да не се вакцинираат без предходна консултација и преглед.

Има одредена група пациенти, на кои не препорачуваме вакцинација со Астра зенека.Но, апелираме,не сами да шпекулираат пациентите,туку штом си добијат термин или пројават интерес превентивно да разговараат со својот лекар.Сите доктори се информирани,за сите вакцини-рече Д-р СВЕТЛАНА ТРИФУНОСКА- матичен лекар.

Модуларната болница и натаму е затворена за пациенти, а требаше да профункционира во јануари.Деновиве е направен приклучок за вода.Треба да се постави уште струја и централен кислород.Според последните најави, првите пациенти, се очекува да ги прими кон крајот на следната недела.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста