Се погласни шпелулациите дека СДСМ и Заев се тргнати во „лов“ на пратеници од други партии, пред се ДУИ

Се обидува ли Зоран Заев да „купи“ пратеници на ДУИ за ново парламентарно мнозинство, како што тоа го направи кога на сила ги протурка Уставните измени? Ваква дилема се отвори откако во јавноста се погласно се зборува дека лидерот на СДСМ, наводно добил ветување од пет пратеници на ДУИ дека ќе му помогнат да состави Влада без Али Ахмети?

Дека сепак нешто се „крчка“ навестува и последното соопштение од Бихаќка. Во него партијата најавува оти ќе била отворена за сите политички чинители. Ова пак фрла нов сомнеж, дали „вордингот“ на СДСМ која зборува за „чинители“ наместо за партии, значи оти се подотвора вратата за можно „купување“ на пратеници?

„После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка, но она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој“, соопштуваат од СДСМ.

Во меѓувреме, и натаму молк кај коалицискиот партнер на Социјалдемократите, Беса. Тие ниту денеска не се одважија да одговорат на прашањето на Алфа „има ли вистина во наводите оти ќе ја напуштат Коалицијата Можеме“?

Во трката кој да седне во владината гарнитура, омекнуваат и навидум тврдите ставови кај албанскиот блок. Идејата за „Албанец премиер“ која ја форсираа Интегративците, се преточи во нови црвени линии. Партискиот секретар Артан Груби, во интервју за албански медиум вели оти со идниот коалициски партнер нема да отстапат од три цели – почитување на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Сепак, за едно е дециден – коалиција со Левица била неприфатлива.

И Алијанса за Албанците, како силен опонент на ДУИ, сега не ја отфрла можноста да седне на иста маса со Ахмети. За конечната одлука, сепак требало да решат сите партиски делегати.

„Тука сме со сите политички партии, не исклучуваме никого. За нас е многу битно ДУИ да биде надвор од Владата, после 18 гпдини да избегаме од тој еднопартиски систем“, вели Арбен Таравари.

Од друга страна и ВМРО ДПМНЕ е со сопствени сметки. Од партијата велат оти се во интензивни разговори да го состават новото парламентарно мнозинство. ЦК веќе му даде одврзани раце на лидерот Мицкоски да преговара за нова влада.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста