Се плаши ли власта од црната листа на САД?

Македонија е земја каде има висока стапка на корупција, покажува истражувањето на Транспаренси интернежнал, каде сме на 111 место заедно со Монголија и Панама. Казнувањето на корпцијата е меѓу приоритетите на САД за земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија. Во декретот кој го потпиша американскиот претседател Бајден пред 6 дена, на црната листа на САД ќе се најдат и лица кои се вмешани во криминал и корупција.

Секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот. Секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права. Секој кој бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа-стои во Декретот на американскиот претседател Бајден.

Дали некој од македонските политичари ќе се најде на црната листа на САД засега е непознато. Последниве години Македонија ја тресат афери, каде се споменуваат имиња на политички актери.

Токму за декретот на Бајден, особено за делот за казнување на корупцијата се огласи и претсетелот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Гледам во изминативе неколку дена почна еден чуден вештачки натпревар во дел од медиумите, за тоа кој бил со едните или кој бил со другите. Па дури и дел од оние пара-аналитичари почнаа да ни редат и зборови во уста, па тие самите да пишуваат некаква црна листа. И нормално во вештачкиот лажен амбиент создаден од лажните кујни на власта на прво место им е ВМРО-ДПМНЕ па 10 празни места, демек тоа е тоа. А делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција и криминал која се знае дека е широко распространет, стимулиран и заштитен од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за  таа црна листа-рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашува зошто ниедна афера која е отворена, не заврши со правна разрешница.

Кој човек од власта лежи казна затвор? Зошто Заев го брани Рашковски, а судот испорачува и го ослободува? Каде се парите од рекет?  Зошто се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери видовме како зема туце со пари? Што е со пасошите давани за криминалци и аферата Мафија? Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК Битола во директор на ЕЛЕМ? Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами.

Ајде да зборуваме кога станува збор за бранењето на стратешки интереси. Кој може подобро да ги брани или застапува, јас кој едно пенкало во својот живот не сум позајмил или Заев аболиран политичар кој украде цела држава?-рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На црната листа на САД од Македонија засега нема ниедно име на македонски политичар.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста