Се отвори нов Супер ТИНЕКС и КОСМО парфимерија во Ист Гејт Мол

 Во склоп на новиот трговски центар East Gate Mall компанијата Тинекс ги отвори вратите на две нови продавници, супермаркетот Тинекс и парфимеријата Космо.

Супермаркетот Тинекс е на површина од 2000м2 и е со нов концепт – комбинација од Тинекс маркет и Деликатесен Тинекс, што го прави прв од ваков тип на супермаркет на компанијата. Во Супер Тинекс е достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Супермаркетот е израден од по светски стандарди од најквалитетни природни материјали и претставува едно поинакво шопинг искуство за сите кои уживаат во пазарењето. 

  • Како новитет, за прв пат во Македонија и единствено во Супер Тинекс Ист Гејт Мол за потрошувачите ќе бидат достапни и каси за самнаплата на кои брзо, лесно и сигурно во само 3 чекори ќе може да се купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење и им овозможува да искусат нешто ново, иако во светот, пазарењето на ваков начин е голема пракса. Со отворањето на овој супермаркет Тинекс обезбеди 60 нови работни места вели ЦВЕТАНКА ХРИСТОВСКА – БРЕНД ДИРЕКТОРКА НА ТИНЕКС.

Како втор концепт на компанијата Тинекс во Ист Гејт Мол  е луксузната продавница Космо со продажен простор од 300м2.  Космо е најуникатката продавница за убавина во Скопје со над 10.000 производи. Со отворањето на новата Космо парфимерија се обезбедени 10 нови работни места.

По повод отворањето на новите продавници во Тинекс и Космо се подготвени многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.

Advertisements