Се отвора хуманитарен пункт во Скопје за помош на опожареното население во источна Македонија

Се отвора хуманитарен пункт во Скопје за помош на опожареното население во источна Македонија

Хумани граѓани ќе помагаат на погодените кои претрпеа штети во пожарите во Македонија. Во Скопје е отворен првиот пункт каде секој кој сака да донира, за почеток ќе може да однесе конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра.

Досега од Скопје тргнаа две пратки за најпогодените семејства во деловите околу Свети Николе, а во иднина планирано е помош да биде испратена и во 30-тина други села и да се раздаде на околу 400 домаќинства.

Пунктот се наоѓа до „Ист геј мол“, во близина на комуналното претпријатие  и секој кој сака помогне со донација тоа ќе може да го направи од 16 до 20 часот. 

„Секој граѓанин ќе може од 4 до 8 часот попладне да донесе донации, првенствени донации што ни се потребни, во првата фаза се, облека храна, дезинфекциони средства, душеци иако веќе имаме голема донација на душеци, ќебиња постелнини“, вели Владимир Чолаковски од „Хумантарни акции.мк“.

Голем број од семејствата кои беа погодени во пожарите се згрижени и за почеток им се потребни најнеопходните работи, велат од „Хуманитарни акции.мк“, а во иднина се планира и акција со која ќе им се обноват домовите, за да може да имаат повторно нормален живот.

„Веќе во втората фаза ќе бидат полуќнини, мебел градежни материјали, но сега оваа недела се фокусираме на приоритетно. Храна облека ќебиња постелнини душеци, дезифекциони средства, ве повикуваме сите да донирате да донесете нешто“, вели Чолаковски.

Засега е отворен пункт само во Скопје, но се планира да се отворат и во Прилеп, Битола, Охрид и другите поголеми градови. Од „Хуманитарни акции.мк“, велат дека веќе се мобилизираат, но дека поради летниот период многу од нивните членови се на одмор.

Очекуваат неделава да мобилизираат околу 100-ина волонтери. Најавена е помош од Словенија и Германија, а се надеваат дека и домашните институции и некои од амбасадите ќе излезат во пресрет.

Акцијата е во координација на коалицијата предвидена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија и Интернационалната Полициска Организација.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста