Се одржа концерт во МНТ, во чест на 30 годишното пријателство меѓу Македонија и Јапонија

Се одржа концерт во МНТ, во чест на 30 годишното пријателство меѓу Македонија и Јапонија

Во Македонскиот народен театар вечерва околу 18 часот се одржа концерт, Оркестарот за џез-музика на Македонија во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Македонија и Јапонија.

На настанот беше комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава

На репертоарот беа композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот од Јапонија – Нобуо Ватанабе.

Пред почетокот на концертот, имаше и кратки поздравни, односно обраќања на комесарот Токура, амбасадорот на Јапонија во Македонија, Оцука Казуја, како и на заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

На концертот, Џез-оркестарот ќе изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста