Се однесуваат ли дел од градоначалниците како да нема епидемија и финансиска криза ?

Тендери за засладувачи, цвеќиња, кетеринг ,огласи за вработувања во време на пандемија, власта дел ги негира за дел вели дека биле во годишниот план за јавни набавки.

Иако економијата е на стаклени нозе, граѓаните стравуваат за своите работни места и висината на плата која ќе ја земат и дали воопшто ќе земат, сепак од општина Штип решиле да дадат речиси 100 000 денари да дадат за набавка на цвеќиња, а околу 250 000 за пијалаци и засладувачи.  Градоначалникот Бочварски се правда не биле двата тендера потпишани во време на вонредна состојба, а и државата не им бранела да ги трошат тие пари, тие биле домаќинска куќа, а и продуктите ќе се користеле 12 месеци.

А во додека корона зема замав дополнителната министерка за јавна администрација предупреди и на  65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра, истакна таа. Дел од овие вработувања се во Гази Баба, за кои градоначалникот Георгиевски вели дека тие само биле продолжување на оние договори кои биле на определено време.

Од опозицијата пак обвинуваат и за тендери во општина Ѓорче Петров каде како што велат од ВМРО-ДПМНЕ без малку 500 000 денари биле дадени за  набавка на угостителски услуги односно за јадење и пиење.

Додека институциите наоѓаат начин да се правдаат зошто во вакви кризни времиња се потпишуваат тедери за не баш неопходни работи, не сите установи го следат тој тренд.

Фондот за иновации и технолошки развој го поништи годишниот тендер за набавка на пијалаци и прехранбени производи. Од ФИТР соопштија дека овие буџетски средства се пренаменети за Универзитетска клиника за детски болести во Скопје односно за скафандери, заштитни очила и ракавици наменети за медицинскиот персонал и пациентите.

Од Антикорупциска се огласија дека во услови на криза, постојат зголемени ризици од корупција и злоупотреба, па им посочија на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности.

Мери Ѓорѓиевска

Advertisements