Се очекува обраќањето на Доналд Трамп: Фокс њуз веќе го прогласија за нов претседател на САД

Се очекува обраќањето на Доналд Трамп: Фокс њуз веќе го прогласија за нов претседател на САД

Во секој момент се очекува обраќањето на Доналд Трамп пред американската јавност, а Фокс њуз веќе го прогласија за победник на претседателските избори во САД.

Додека пак според проекциите што ги објавува ,,Си-ен-ен”, Трамп има 246 електорски гласови, а кандидатката на демократите Камала Харис има 187 електорски гласа

Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп победи во Северна Каролина и Џорџија, две од клучните држави што традиционално не се определени ниту за една партија, со што го трасираше патот до победа на претседтелските избори во САД. Камала Харис пак не може да се надева на најмалку 270 електорски гласови потребни за победа, без да ја освои Пенсилванија.

Фокс њуз веќе проектираше победа на Трамп и во Пенсилванија, но кај ,,Си-ен-ен” оваа држава е се уште меѓу оние за кои не може да се каже победникот со сигурност.

Фокс њуз велат дека Трамп дефинитивно се враќа во Белата куќа

Според досегашните проекции што ги објавува ,,Си-ен-ен”, пак, Трамп има 246 електроски гласови, а кандидатката на демократите, Камала Харис има 187 електорски гласа.

Според очекувањата, Трамп и Харис освоија победи во сојузните држави што за нив важеа како сигурни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста