Се намалува садењето на традиционалните култури, по тутунот, и оризот, ќе се одгледува на помала површина
Пченката достигна повисока цена од оризовата арпа. Со откупна цена од 14до 17денари по килограм оризова арпа, оваа земјоделска култура го достигна дното се жалат оризопроизводителите од кочанско. Илчо Зашов од Спанчево речиси сто тони оризова арпа чува во амбарите, па поради ова е принуден наредната година да ги преполови површините, така што наместо на осум, ориз да посее одвај на четири хектари.
„Ќе треба да се откажуваме од оваа култура. Другите села кои имаат подруга земјоделска површина можат да се засеат со други култури, но ние немаме друг избор.Што ќе бараат кај оризот кога се продава од 14 до 17денари, а пченката на пазар се продава по 20денари„-вели Илчо Зашов од с.Спанчево
Годинава ѓубрето достигна висока цена, а земјоделците не се офајдиа ниту од владината мерка зелена нафта.
„Даваат 1литар нафта на декар,тоа е жаласно. Како може да рачунат 1литар нафта на трактор од 70 до 100коња. Па тој трактор таа количина ќе ја потроши само да стигне на патот. Тоа е многу минимално„-изјави ЈОрданчо Лефков оризопроизводител од Спанчево
„Една вреќа арпа исто како една вреќа ѓубре. Ѓубрето 25кг, а оризот 45кг, а иста цена. Кажете ми дали може така?„-прашува Здравко Донев од Спанчево
Поради лошата година, еден дел од оризопроизводителите ги немат подмирено заостанатите сметки за воден надоместок, па поради тоа не можат целосно да ги земат субвенциите. Велат има начин ддржавата да помогне, но таа е глува..
„ За воден надоместок имам околу 80.000денари.Можам само ориз да им дададм, да имав крава ќе ја продадев и ќе платам, ама вака немам што да понудам. Државата ако сака може од субвенциите да ги исплати заостанатите долгови на орозопроизводителите, па остатокот нека ни го префрли на сметка. Ете така може да ни излезе во пресрет„-вели Илчо Зашов.
Според проценките на оризопроизводителите околу 60% од ланскиот ориз во Спанчево е непродаден, така што прашањето е што ќе прават со новиот ориз што ќе треба да го жнеат за околу два месеци.
Александра Ристевска