Се намалија турканиците за вакцинација без термин

Граѓаните ја научија лекцијата. Без тензија, турканици и нервози пред поликлиниките за вакцинација. Оние кои се вакцинираа без закажан термин денеска беа по смирени од вчера и се придржуваа до мерките. Во Поликлиниката – Јане Сандански граѓаните кои беа дојдени без термин, се боцкаа надвор. За редот во овој вакцинален пункт беа задолжени неколку полициски службеници.

За разлика од „Јане Сандански“ во поликлиниката Букурешт имаше видлив метеж, и не се почитуваа препораките за растојание. Незакажаните досега чекале да добијат термин, но тоа не се случило – па сега сакаат да ја искористат приликата.

Докторите задоволни од заинтересираноста, од поликлиниката Букурешт велат дека денеска ситуацијата е подобра од вчера.И повикаа на трпение.

Истовремено освен вакцинацијата без закажан термин тече и теренската вакцинација која се одвива веќе втор ден, а се посетуваат главно руралните средини.

Ања Василева