Се множат кандидати за лидер на СДСМ-ќе му ги расипат ли сметките на Заев за пазарењата да остане на власт?

Се стеснува обрачот околу претседателската фотеља во СДСМ.  По кандидатурите на Фросина Ременски и Димитар Ковачевски за заменици на Зоран Заев,  и поранешниот организациски секретар на партијата Миле Зечевиќ ја мерка челната позиција на СДСМ. Зечевиќ кој за себе вели дека е „булдожерот“ во партијата, засега ќе го испитувал пулсот на членството па потоа ќе одлучел за следните чекори, но уверен е дека е во предност пред досегашните кандидати.

-Јас не го дисквалификувам процесот, затоа што јас сум во предност пред нив.Мене сите структури на СДСМ ме познаваат. Јас сум бил булдожерот во СДСМ во сите овие години. Не е поенатата некој да се форсира и дисквалификува, вели Заечевиќ.

А по Зечевиќ и актуелниот прв човек на ТИРЗ Јован Деспотовски ја мерка фотељата на Заев. Сериозно размислувал за претседателската позиција во партијата, а конечната одлука ќе донел утре пред истекот на рокот за поднесување на документите.

-Сериозно размислувам за тоа. 25 години сум член на партијата. Сум поминал низ различни нивоа. Сметам дека имам реални резултати во својот ангажман , така што сметам дека можам да понудам концепт со кој ќе се обедини не само партијата туку и општеството, порача Деспотовски.

По ваквите најави се наметнува и прашањето, ќе успеат ли старите кадри на СДСМ да му ги поматат сметките на Заев во формирањето на влада со Африм Гаши.

Неофицијално, утре  ќе има уште една средба на Заев и Гаши, која се очекува да донесе конкретни договори, по приближувањето на ставовите по вчерашната средба. На дневен ред, сега, се – преговорите околу кадровските импликации, на евентуалното учество на „Алтернатива“ во власта. И овој пат, Заев, беше придружуван на средбата, од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, кој индиректно се најавува како најсериозен заменик на Заев.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста