Се излеа јаловина од рудникот Саса во Каменичка река

Силен татнеж рано утринава на нозе ги крена мештаните на каменичкот село Саса, кое се наоѓа во подножјето на рудникот за олово и цинк. Не ни претпоставувале дека повторно ќе бидат сведоци на еколошка катастрофа. Јаловина и силен ветер доаѓало кон нив.

  • Утринава околу 5.30 минути слушнавме силен звук. Скокнав, помислив дека е земјотрес. Кога излегов надвор видов како доаѓа јаловина. Се исплашивме. За среќа сега јаловината е стабилизирана, инаку утринава беше страшно – изјави Билјана Ивановска, жителка на каменичкото село Саса.

Првичните проценки на риболовците се дека во Каменичка река се излеани околу 3.000 метри кубни јаловина, земени се мостри од водата и засега немат регистрирано помор на риба. По ова природата допрва ќе го плаќа својот данок, категорични се мештаните.

  • По ова веќе не знам каде ќе ги напојуваме козите и говеод Сдата. Страшно, се е загадено – изјави Златко Пауновски од село Саса.
  • Ова е голема катастрофа. Отрови и хемикалии се излеани во реката. Природата допрва ќе плаќа данок – изјави Стојне Стојковски од Саса.

Дефектот на насипот бр. 4 се случил некаде пред 6часот , предизвикувајки предизвикувајки истекување на јаловина во речниот тек. Професори од Рударскиот факултет на Штип и градежниот факултет во Скопје со стручни екипи на компанијата отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.

Од рудникот Саса информираат дека првичните резултати покажале дека дефектот не преставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина. Денес екипи се на терен. Со градежна механизација се тампонира пукнатината на јаловиштето.

Во текот на денот е направен вонреден инспекциски надзор. Од Државниот инспекторат за животна средина подетални информации најавија за утре. Пред помалку од десетина години се случи голема хаварија. И тогаш се излеа јаловина и преку притоката заврши во Брегалница. На реката и требаше долг период за колку-толку повторно во нормала да го врати својот биодиверзитет.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста