Се излеа Брегалница кај Делчево – поплавени ниви, граѓаните се штитат со вреќи песок

Обилните врнежи од дожд без сон ги остави жителите на Делчево и Берово. По огнената стихија, сега им се заканува Брегалница. Вчера во вечерните часовови надојдената вода го  однесе мостот во делчевското село Трботивиште, единствен  кој  води кон селските гробишта.

Непрофесионално е направен и по секој пороен дожд истото се случува. По секој пороен дожд мостот е дисфункционален„-вели жителка на с.Трботивиште

Нема шанси да се оде. СЕга може само од Нов Истевник, на 4километри од тука„-вели друг жител на село Трботивиште.

Од Општината најавија дека уште од утре ќе се работи на тоа мостот да се стави во функција.

Ноќеска состојбата беш драматична во Беровско. Реката се излеа по земјоделските површини, а на патот меѓу Владимирово и Мачево срушен е потпорен ѕид во должина од 15метри.  Засега нема поплавени куќи, но нови врнежи од дожд би преставувале сериозна опасност за градот и околината.

Водостојот на реката синоќа беше критичен. Денес нивото е намалено, меѓутоа постои опасност доколку новите врнежи  се засилат. Засега во градот  немаме поплавено куќи или имот. Надвор во градот реката е излеана по земјоделските површини„-изјави Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Берово.

Засега состојбата со Калиманци е стабилна, иако протокот на вода е огромен. На точка на преливање е и брана Гратче, а во  текот на ноќта од своето корито е излеана и Зрновска река. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста