Се додека Елем Турс управува со Попова Шапка, нејзиниот развој ќе тапка во место

Се додека Попова Шапка е под раководство на Елем Турс, не може да работи профитабилно и да се развива. Заедно со другите центри и претпријатија кои се под капата на ЕЛЕМ, а кои работат со загуба, нејзиниот развој тапка во место. Иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка”,бара центарот да функционира како самостоен правен субјект.Да се обезбеди основната инфраструктура, а потоа да оди на продажба или јавно-приватно партнерство.
Елем не треба веќе да се занимава со Попова Шапка и со други туристички центри.Да се даде предлог до Влада, Шапка да биде под покровителство, односно директно менаџирање на Владата, по што потоа ќе се почне и процедурата за концесионирање, за јавно приватно партнерство или целосна продажба – изјави Хамди Сулејмани од Иницијатива за спас на Попова Шапка.
Последниве години, единствена поголема инвестиција на Шапка е шестоседот, кој два пати беше пуштан во употреба.Сите други бројни студии за развој, останаа нереализирани, што резултираше центарот да трпи загуби и да не може да се развива.Надлежните сеуште одлучуваат околу судбината на центарот,кој според познавачите,ќе блесне само,со странски капитал.
Милена Вучевска