Се чешла тендерот за фингерпринт апарати кој го доби германската „Дермалог“, ДИК вели била најдобар избор

Документацијата за добиениот тендер на германската компанија Дермалог која ќе ги обезбеди апаратите за фингер принт за локалните избори ќе оди на задолжителна контрола. Законски секоја одобрена сума над 500 илјади евра подлежи на контрола за потеклото на парите, па оттука и добиениот тендер во следните 10 дена електронски ќе биде проверуван.

Високи извори од ДИК за Алфа брифираат дека германски „Дермалог“ доставил најголем број на позитивни референци кои му донеле и поени во процесот на изборот. Фирмата Дермалог  е компанија со најголем углед на европско тло во областа на вакви апарати, а половина од нејзиното сопствеништво е во рацете на државата Германија. Во изборот на компании кои треба да ги обезбедат овие апарати за претстојните избори учествувале уште три компании.

Останатите две фирми се македонски и една мултинационална. Според истите извори фирмата „Доајен дата“ со седиште во Скопје не ја доставила банкарската гаранција која ја побарала Комисијата за јавни набавки во ДИК. Според истите извори, другата фирма „Инфинити“ пак не го понудила потребниот степен на за безбедност за податоците на граѓаните. 

Третата компанија која е мултинационална „Смартматик Интернешнл Холдинг“ учествува во неколку избори со свои апарати.  Едни од нив се изборите во Венецуела 2004-та кога тогашниот диктатор Чавез освои власт со 100 проценти од гласовите. Според нашите извори во ДИК компанијата доставила позитивни референци за спроведени избори во Албанија и Ерменија.

По информациите кои беа споделени во јавноста дека „Дермалог“ учествувала на спорни избори во Авганистан во 2019-та, нашите извори во ДИК велат дека информациите не се точни бидејќи референцата за тие избори е позитивна.

По процесот на контрола, следува и жалбениот период, во тој период се очекува да стигнат жалбите на компаниите кои учествувале но не го добија тендерот. Доколку на адреса на ДИК стигнат жалби за изборот на компанијата ќе се пролонгира целиот период за спроведување на набавката на фингер принт апаратите, за што се предвидени 60 дена. Првиот човек на ДИК Александар Даштевски веќе изјави дека доколку се случи ваквото сценарио, ќе нема време за почнување на нова постапка избор на компанија.

Се поставува дилемата, дали жалбениот период всушност  го доведува во прашање и користењето на фингер принт апаратите кое беше главен услов на опозицијата за одржување на локалните избори и влезе во закон.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста