Се бројат ли последните денови на претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, Жарко Караџовски?

Дали новиот министер за здравство ќе донесе и промени составот на Комисијата за заштита од заразни болести? Последниве денови се погласни се шпекулациите дека Жарко Караџовски ќе биде променет како прв човек на Комисијата, а во јавноста се шпекулира дека  доктор Даниловски и доктор Пановски се можна замена. Даниловски уште веднаш на социјалните мрежи напиша дека не планира да седне во Комисијата, бидејќи не е прифатливо за него да ја жртвува својата автономија.

– Не прифаќам било чиј предлог за членување во Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Овој мој став се темели на свесноста дека Комисијата за заразни болести никогаш не може автономно да функционира, колку и да се трудат членовите така да биде! Зошто? Затоа што таа претставува само советодавно тело на Министерот за здравство. Таа нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на Министерот. Тој може, ама не мора, да ги прифати. Крајната одлука е само негова и би требало да биде извршна.. напиша Даниловки на Фејсбук.

Доктор Пановски за Алфа одби да зборува на оваа тема, со став дека досега не добил никаква понуда. И новиот министер Беким Сали засега молчи на прашањето на Алфа дали првата работа како прв човек на здравство ќе му биде промената на Комисијата за заштита од заразни болести. Предлогот за промена доаѓа од партијата на Милевски кои најавија дека биде ставено на маса пред новиот владин состав. 

Инаку, Комисијата од кога почна пандемијата ја води епидемиологот Жарко Караџавски. Во повеќе наврати, кога Македонија ги бележеше највисоките пикови во пандемијата,  Комисијата за заштита од заразни болести како и првиот човек беа недостапни за јавноста и новинарите.

Во јуни 2020 година, кога бројот на новозаразени порасна и покрај уверувањата на владата дека се е под контрола, Караџовски удри со навреди и ароганција кон новинарите. Епидемиологот знаеше да изјави и дека граѓаните се криви за високите бројки бидејќи не ги почитуваат препораките. Најголема прашина се крена кога Караџовски најави дека владата ќе чека здравствениот систем да колабира за да воведе полициски час.

„Мерките кои што сме ги предвиделе, четири плус три, тоа се седум мерки, се надевам дека утре крајно време е да се усвојат, дека имаме состојба слична на полициски час. Ако видиме дека и тоа не дава никакви резултати, односно ме прашувате до каде треба да одиме, дали некоја бројка ни е репер за нешто, што е тоа репер, здравствениот систем да колабира, или да имаме толку многу хоспитални случаи кои што не можеме да ги издржиме па да направиме нешто друго“, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на 26.10.2020.

Имаше и ситуации кога првиот епидемилог во Комисијата не сакаше да преземе одговорност како на премиер за пописот, па со директорот на Државниот Завод за статистика си ја подаваа топката кој треба да одлучи дали е безбедно во време на пандемија да се спроведе најголемата статистичка операција.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста