Се бори со хронична леукемија, но здравствениот систем го остави без терапија

Кога судбината  грубо ќе си поигра со здравјето на луѓето, а при тоа ако затаи и заедницата со неопходната поддршка, тогаш како ќе се справат со очајот од големиот товар што паднал врз нивните плеќи? Со оваа дилема, деновиве се соочува 45 годишен битолчанец кој над десет години боледува од хронична мелоидна леукемија, а од Клиниката за хематологија му рекоа дека неговата терапија лекот дасатаниб, цитостатик од втората генерација, го нема.

-Сега примам дасатиниб, еднаш  ми дадоа три курии, другиот пат 25 апчиња. Сега ми велат, нема повеќе еден месец.  Сега дојдов до 30 апчиња, и имам за уште два до три дена и веќе се предавам значи на Господ. Ако ме сака Господ ќе ме  остави да живеам.  Да се купат Пеце е 4,5 илјади евра едно кутивче.- –Никој не знае, велат очекуваме да дојде, а кога ќе дојде, не се знае.  Дотогаш живеј и снаоѓај се како мислиш. Купете си ги сами, Фондот ќе ви ги плати. Ако имам 4, 5 илјади евра за едно пакетче ќе ги дадам, ама за цела година каде ќе ги најдам тие пари рече нашиот соговорник.

Каков е односот од луѓето со кои се контактира во Клинаката за хематологија, говори и фактот што  нашиот соговорник не замоли за анонимност. Нели, заради несоодветни реакции, предрасуди и можни последици.

-Околу 200 души во Македонија се критични и на оваа терапија, башка што примаат и други лекови.Никој не ти кажува. Едноставно, ќе ти рече дека го нема лекот и готово, телефонот ти го затвора- рече  очајниот битолчанец.

Претседателот на Здружението за болни од леукемија Пепо Леви, се  заинтересира за овој случај. Од Клиниката за хематологија му рекоа дека  двата лека од втората генерација цитостатици,  едниот ќе стаса  најдоцна до крајот на оваа недела, а дасатиниб кој го прима нашиот соговорник, до средината на месецот. А дотогаш, само тој си знае како ќе помине, покрај проблемите што ги има со 11- годишната ќерка со аутизам и со одењето на работа, зашто здравствената комисија утврдила дека е работоспособен.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста