Се бара режисерот на „претставата“ на Шверцерите

Власта се обидува да го смири револтот на јавноста за хулиганскиот настап на вжештените навивачки глави на „Шверцерите“ на „Шкупи“ кои во петокот го демолираа МНТ. Не се знае дали постои писмен договор за изнајмување на театарот, колку чинел и кој го платил. Уништувањето на државниот имот и скандирање на навреди за вицепремиерот Бујар Османи е само „гласно славење“. Неговиот сопартиец пак Артан Груби кој според тврдењата на директорката на МНТ бил организатор на настанот со навивачите сега се крие. Можеби адреналинот од младоста како навивач на Шверцерите, во петокот го понел за стисната тупаница на секое селфи од МНТ, во прегратка со Шверцерите, ама сега кога треба да каже како кој ќе ја плати штетата Груби не одговара на телефонските повици. Министерот за култура Хусни Исмаили пак вели дека штетата ќе треба да ја плати организаторот, но тој не знае кој ги организирал навивачите да гледаат филм во театарот.

-Министерството за култура или јас лично не чувствувам одговорност бидејќи за ова е одговорен организаторот, директорот на таа институција – изјави Хусни Исмаили министер за култура.

Одговорност најавија и од владата, хулиганството на Шверцерите ќе било и на владина седница, рече премиерот Зоран Заев. Во петокот во новиот театар, имаше манифестацијата по повод 30-годишнината од основањето на навивачката група „Шверцери“, иако власта се правда дека не знаеле што ќе има во МНТ, МВР настанот го процениле како собир до висок ризик, за што беа ангажирани 200 полицајци.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста