СДСМ во благо водство, ВМРО-ДПМНЕ неприкосновена кај македонците, ДУИ се зацементира кај албанците

И власта и опозицијата прогласија победа по вчерашниот тесен изборен резултат.Социјалдемократите среќни дека по 18 години оствариле каков таков триумф. Двата мандати плус според синоќешните резултати од ДИК му беа аргумент на екс премиерот и лидер на СДСМ Заев,  читајќи го победничкиот говор да каже дека интеграцијата го победила концептот на изолација.

“Вољата на народот се потврди.Победуваме, излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност. За економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре”, изјави Заев.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите. Опозицискиот лидер е со став дека граѓаните го одбрале концептот на промени. Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ освоил повеќе гласови од СДСМ без поддршката на БЕСА.

Важно е што во македонија расположението е опозициско, а опозицијата освои, повеќе гласови од власта. ВМРО-ДПМНЕ без БЕСА во неговите редови освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова победија во повеќе од 41 општина. Сето ова ми дава за право да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори да ја состави новата влада која треба да се соочи со сериозни предизвици”, изјави Мицкоски.

Еден од најголемите добитници на вчерашните избори е ДУИ. Партијата која владее 16 години веројатно останува доминантна во албанскиот блок и ќе биде клучен фактор во креирањето на парламентарното мнозинство. Според интегративците коцептот за Албанец премиер добил масовна поддршка.

“Имаме повеќе од 100 000 гласови и 12 мандати. И се бориме за 13 мандат. Ги чекаме финалните резултати”, изјави Ахмети.

Клучен фактор кој влијаеше на помалата излезност и во добар дел ги одреди резултатите беше корона вирусот. Изборниот процес во услови на пандемија на ковид-19 беше причина голем процент од граѓаните да останат дома.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста