СДСМ со партиски состаноци по училишта, граѓаните осудуваат, во СДСМ се правдаат

СДСМ држи партиски состаноци во училишта. Самиот Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски,заборавајќи или пак, свесен дека ова е спротивно на Законот за основно и средно образование,се пофали на социјалните мрежи со слики како држи партиски состаноци во училишни простории во гостиварско.

Во СДСМ пак, тврдат дека ова не било партиски состанок, туку средба со граѓани, а Спасовски бил присутен како Министер, а не како политичар,иако во описот на сликите стои дека состанокот е дел од кампањата На прав пат, и отворено се повикуваат граѓаните да гласаат за СДСМ на претстојните избори во април.

Граѓаните осудуваат организирање било какви политички настани во училишта.Таму велат се учи, а не се бистри политика.

Според Законот,најстрого е забрането партиско или верско дејствување и организирање во училишта, а Инспекторатот за образование треба да постапи и да го казни директорот на училиштето со глоба од 1600 евра.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста