СДСМ – кластер ама никој уште не е во изолација,ќе има ли казна за Спасовски што се фотографираше без маска и дистанца?

Како да веруваме во мерките кога прва власта не ги почитува? Последен пример е првиот полицаец кој јави дека е позитивен на корона вирусот, а на една од фотографиите во Бигорскиот манастир е без маска близу застанат до отец Партениј. Во меѓувреме МВР секојдневно известува колкав број граѓани се казнети за неносење маски. По позитивниот корона-тест на министерот Спасовски, синоќа и потпаролката на СДСМ- Богданка Кузевска се изјасни дека е позитивна. Засега никој не од  раковдството на Соцјал-демократскиот сојуз не замина во изолација што отвора друго прашање. Од владата велат сеуште се прецизирала епидемиолошката слика, па дополнително ќе информираат дали некој ќе заврши во самоизолација.

Претходно, полицијата беше нем сведок на поворката за погребот на поранешниот пратеник и претседател на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам. Присутни беа околу 300 луѓе, без дистанца некои и без маски, а полицијата не казни ниту еден, туку регулираше сообраќај. Како може протоколите за едни да важат а за други не, реагира јавноста.  

Предходно Бајрам ја омажи внуката на луксузна свадба со 600 гости во Истанбул, кои потоа се вратија без PCR- тестови. Дополнително, гостите не соработуваат и МВР не може да собере податоци кој се бил во директен контакт со Бајрам. Но не го привлече само таа свадба вниманието. И градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, направи свадба на Косово. И откако доби усна замерка од министерот Филипче, се правдаше дека само семејството и најблиските биле таму и се почитувале мерките.

Но неносењето маски не е единственото непочитување од страна на оние кои треба да бидат пример за граѓаните. Пред некоја недела премиерот Заев заедно со Филипче и вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски, си се возеа на мотор без кациги низ скопските улици. Заработија парични казни откако јавноста остро реагираше на видеото споделено на социјалните мрежи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста