СДСМ ја запира војната со Алфа ТВ, Локвенец се огради од неговите сопартијци

СДСМ „изгледа“ ја запира војната со Телевизија Алфа. По три дена жестоки обвинувања од владеачката партија врз нашата телевизија и три други медиуми дека се антидржавен елемент кој се финансираат со црни пари и шират лажни вести, пратеникот и висок партиски функционер на СДСМ, Хари Локвенец се огради од неговите споратијци за нападите кон Алфа. Запрашан да наведе три лажни вести – тој не можеше да наведе ниту една, што ја објавила нашата телевизија.

Локвенец не сакаше да одговори ниту со што ги поткрепуваат тврдењата дека Алфа, Курир, Лидер и Нетпрес се финансираат со црни пари. Одбегна да одговори и дали имаат некакви докази за обвинувањата.

Веднаш по нападот од СДСМ, Aлфа упати покани до било кој од владините функционери да гостува во било која наша информативна емисија – за да ги покаже доказите за обвинувањата, но од владеачката партија наместо соочување и изложување на факти, СДСМ засега, се повлекува од пресметката со критичките медиуми. Откако најверојатно, од странски фактори добиле забелешки, дека не треба со пресметка со критички медиуми да го влошуваат демократскиот амбиент.

За разлика од СДСМ, Телевизија Алфа не запира со тврдењето – дека СДСМ е еден од изворите на лажните вести.

„Скрининг процесот ЕУ го почнува на 17 јули, овде, во Македонија. Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија да утврдува датум за преговори. Овие два аргументи се сериозна потврда дека Република Македонија доби датум за почеток на преговори. Конечно, треба сите да се израдуваме заради тоа што добивме датум.“ – изјави Заев пред две години.

Инаку, пред три дена ТВ Алфа и нејзината уредувачка политика беше нападната од страна на владеачката СДСМ. Портпаролката Богданка Кузеска неаргументирано обвини дека Алфа продуцира лажни вести, се финансира со црни пари и е анти-државен елемент.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста