СДСМ избра ново претседателство- Шилегов им честита со песната „Во бестрага“

СДСМ избра ново претседателство- Шилегов им честита со песната „Во бестрага“

Токму вака, со песната „Во бестрага“ од Игор Џамбазов поранешниот пратеник и екс градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го поздрави новото раководство на СДСМ.  Музичката честитка на Шилегов со рефренот „Дали крајот вака мириса“ е одговор и коментар за новото раководство на СДСМ.

Шилегов кој е припадник на скопското крило во СДСМ и долгогодишен член на партијата не го крие незадоволството од последните одлуки на социјалдемократите.

Веднаш по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ на кој се бираше новото раководство, Шилегов на својот Фејсбук профил, напиша „Наместо коментар“ и ја објави песната во Бестрага. Тој денеска не одговори на телефонските повици за да ја искоментира честитката упатено до своите сопартијци.

Очигледно тиквата во СДСМ одамна е пукната, а партијата е поделена како никогаш досега. Ова не е прв пат Шилегов да реагира на ваков начин, преку социјалните мрежи за кадровските смени во СДСМ, што покажува колку е тој револтиран од потезите на Филипче, но и неговите претходници Ковачевски и Заев. Реакцијата на Шилегов стигна веднаш по пресконфернцијата на Филипче на која кажа дека тие што се налутиле, веќе се враќале во партијата.

Чудно е како Филипче смета дека на социјалдемократите им се приклучуваат луѓе, кога од старото членство не го кријат незадоволството и го изразуваат на креативен начин преку Фејсбук постови. Не само Шилегов, туку и останатите членови на скопското крило не го кријат незадоволството. Екс-градоначалникот на Центар и висок функционер на Бихаќка, Саша Богдановиќ, за Алфа неодамна рече дека СДСМ треба да се реорганизира, бидејќи загубиле дел од нивните клучни бастиони. Според Јован Деспотовски, пак, избраните партиски другари не би требало да бидат дел ниту од новото раководство на партијата, ниту пак да се појавуваат толку многу во јавноста и да ги застапуваат ставовите на партијата.
На Центален одбор социјалдемократите вчеравечер ги избраа поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката на Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски  и Кристина Костова за потпретседатели на партијата.  Освен потпретседателите, СДСМ го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста