СДСМ и власта молчат после реакциите на новинарите и здруженијата за т.н. борба на власта со лажни вести

И покрај осудите на новинарските здруженија во Македонија за  начинот на борбата против  лажните вести презентирани од Владата, потоа повторени на партиска прес конференција на СДСМ, од владејачката партија се уште нема никаква реакција.

Начинот за борба против fake news во колумна со наслов “Слободата на говор не смее да се замолчи” , Ненад Живановски го оценува како цензура. Пишува дека на неговиот профил објавил пост поврзан со ветото на Бугарија…

На мој пост, кој се однесуваше на ветото од Бугарија, коментар сподели пријател Бугарин од Брисел дека Бугарија не го негира македонскиот јазик и идентитет, но дека историјата пред 1946 мораме да ја смениме. На тоа, јас му одговорив преку прашање зошто мисли дека вистинската македонска историја пред 1944. е онаа која ја тврди бугарската историографија, и доколку ставот за точноста на историските податоци му се темели според етничката припадност, тогаш тоа е доста лимитиран пристап во потрага по вистината-рече Ненад Живановски –  д-р- на науки на тема „Говор на омраза во политичкиот дискурс во медиумите“.

Потоа коментарите кои биле под објавата биле избришани, но не го негова страна.

По само 2-3 часа, забележав дека коментарите ги нема. Беа избришани иако постот си остана. Согласно најавите на премиерот Зоран Заев за засилена контрола на социјалните мрежи, групите и профилите во кои навредливо се пишува за Бугарија, претпоставувам дека мојот профил бил опсервиран и подлежел на интервенција на одделот во МВР кој се занимава со следење на говор на омраза кон Бугарија-рече Ненад Живановски – д-р на науки на тема „Говор на омраза во политичкиот дискурс во медиумите“.

Живановски прашува кој врши цензура и кој работи во факт-чекинг сајотвите за да биде доволно компетентен да одлучи што е лажна вест, а што не.

И за новинарот Бранко Геровски најавата за борба против лажни вести од СДСМ е перфидно воведување цензура и кршење  на член 16 од Уставот.

Она што сега го прават Владата и некои наши богати невладини организации, е класична пропаганда во корист на СДСМ – пишува Бранко Геровски – новинар.

Претходно реагираше и новинарот Саше Димовски..

Ние во оваа ситуација сега ќе се доведеме да имаме нетранспарентни функционери кои нема да даваат изјави, нема да се појавуваат во медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа и вие кога ја немате едната страна веднаш ќе се појавата тие поверувачи на факти кои на социјалните мрежи ќе заплиснуваат дека станува збор за медиуми  кои се непрофесионални и на тој начин ќе ги девалвираат и замолчуваат критичките медиуми не давајќи им простор да истражуваат бидејќи секогаш едната страна во случајот владејачката СДСМ нема да се појавува ниту на дебати, ниту ќе одговара на изјави на прашања на новинари кои се критички кон нив и затоа ќе ја добиеме оваа партиска машниерија што е страшно.  Владејчката СДСМ влегувајќи во устата на Владата покажа дека овде не станува некаква демократија , туку за вистина која ќе биде само по волја на владејачката партија-рече Саше Димовски – новинар.

Дали власта ќе успее во планот за борба против лажни вести на ваков начин , е отворено прашање, особено откако голем дел од медиумските работници негодуваат на таквиот пристап.

Мери Ѓоѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста