СДСМ и ДУИ со стари кадри ќе „трчаат“ по нови градоначалнички мандати

Старите имиња на граодначалниците на големо се претставуваат како нови кандидати во трката на локалните избори. СДСМ и ДУИ речиси и да немаат промена во кадрите што ги нудат, се правдаат дека тоа било изборот на граѓаните, а не немање на нови и свежи лица.

Партијата на Заев веќе објави повеќе од 30тина имиња, меѓу кои се Петре Шилегов за Скопје, Борче Герогиевски за Гази Баба, Велимир Смилевски за Бутел, Перо Костадинов за Валандово, Костадин Герогиевски за Охрид…сите овие се веќе актуелни градоначалници. Нови имиња има во многу помал број.

И од ДУИ одат со стари кадри, Висар Ганиу повторно ќе биде кандидиран во Чаир, Хекуран Дука во Дебар, Еркан Арифи во Липково, Рамиз Мерко во Струга и Блерим Беџети во Сарај. Вицеприемерот Груби вели дека одлуката е такви оти ги анкетирале грашаните по општините.

-Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко, рече Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега се внимателни со објавувањето на кандидатите. Од партијата велат дека ќе има нови кадри, луѓе работливи, чесни.

Од партиите на Села и Гаши соопштуваат дека во моментот преостанатите кандидати на актуелните градоначалници со кои раководи оваа партија остануваат, како во Гостивар Арбен Таравари, во Боговиње Албион Џемалили и Врапчиште Исен Шабани. За останатите кандидати прават детални анализи и консултации со цел да изберат квалитетни кадри.

Инаку, ДИК веќе ги усвои роковите за изборниот процес за локалните избори на 17 октомври. Партиите имаат рок до 11 септември да ги достават имињата на кандидатите за градоначалници и за општински советници.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста