СДСМ и ДУИ – од навреди и омаловажувања, до повторна владина дружба?

Ќе воскресне ли стара раскарана коалиција СДСМ – ДУИ  за формирање на нова Влада? Во текот на предизборната и изборната кампања лидерите на социјал-демократите и интегративците си упатија низа неумесни коментари и ултиматуми, дали тоа беше само игра за добивање гласови или пак вистински несогласување во политичкиот брак ?

Последна изјава пред изборите беше онаа на Ахмети со која му се обрати на Заев, за коментарите дека е време ДУИ да оди во опзиција, велејќи дека по народното изјаснување ќе му ја снема насмевката на првиот човек на СДСМ.

Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција, ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, истакна Али Ахмети – претседател на ДУИ (11.07.2020)

Една недела дена претходно пак, Заев пред граѓаните изјавуваше, дека Ахмети предел како маченце во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за јазици го донел Али Ахмети…Мало сутра! Оти не го донесе со Груевски? Како маченце молчеше покрај Груевски – изјави Зоран Заев на митинг во Чаир (05.07.2020)

Во меѓувреме беше дадена и изјавата на Ахмети дека Заев кога ќе испие неколку ракии кажува работи за кои потоа се кае, на што Заев му кажа врати  дека ја промашил работата.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, истакна Ахмети за SyriTV. (06.07.2020)

„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промаршил комплетно. Значи, Зоран Заев може со македонско вино, домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Зоран Заев – претседател на СДСМ  (07.07.2020)

Лидерот на СДСМ за ДУИ истакна и дека нивното долго владеење ги претворило во богови и дека е здраво да заминат во опозиција.

Кога од ДУИ ја презентираа идејата за Албанец премиер Заев рече дека ако тоа е услов за интегративците да бидат дел од владата, тој нема да прифати.

Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, реагираше Заев во објава на Фејсбук.

Но дали Заев ќе си остане на зборот, имајќи предвид дека ветуваше и дека името нема да се смени за потоа гордо да раскажува за историскиот исчекор на СДСМ за промена на Уставот со цел членство во НАТО.

Во аудио материјалите кои последниот период излегоа во јавноста, каде во дел од нив , се слуша гласот на Заев, тој во една бомба кажува дека гласот на албанците не вредел 5 пари, по што се правдаше дека тоа го кажал мислејќи на ДУИ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста