СДСМ без да го погледне предлогот, ги одби мерките на Мицкоски

Ги одбија, без да ги погледнат. Владеjачката СДСМ без некаква детална анализа или издржани економски аргументи ги одби конкретните предлозите на лидерот на опозицијата за затворање на дупката во буџетот. За нив сетот мерки предложени од ВМРО-ДПМНЕ како Владата да дојде до 1,2 милијарди евра, а притоа да не се скратат платите и да не се удри врз бизнисот и работниците, било ширење паника.

– Во време на голема светска криза, кога сите институции и сите одговорни граѓани се во функција на решавање на овој голем проблем, имаме ситуација во која Христијан Мицкоски, заедно со неговиот ментор Груевски, се обидуваат да привлечат внимание. Се обидуваат да шират паника, се со цел политички да профитираат – изјави Хари Локвенец

Мицковски вчера изјави дека парите од најавеното задолжување од 600 милиони евра ќе бидат достапни најрано во мај, па дотогаш наместо НБРМ да издава благајнички записи, требало парите од банките да влезат во државната каса, преку издавање на државни хартии од вредност со рочнос од 1 месец. За стабилна и навремена исплата на пензиите, Мицкоски предложува од април средствата кои треба да се уплатат во вториот пензиски фонд да се пренаменат и да се уплаќаат во државниот пензиски фонд. Им порача на министрите да не креваат паника и да не соопштуваат дека немало пари за администрацијата.

Мицкоски рече дека е подготвен да ги презентира мерките пред Владата, да ги споредат со нивните предлози и да креираат решенија за помош на граѓаните и стопанството. Но тоа очигледно нема да се случи.

Инаку, против мерката предложена од лидерот на СДСМ Заев за кратење на платите на државната администрација се спротиставија речиси сите финансиски експерти, вклучително и луѓе кои беа дел од неговата влада.  Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии Тевдовски реагираше дека финансискиот товар треба да го понесат сите, но целиот цех не требало да падне на грбот на работниците и посиромашните, туку на оние што се богателе кога стопанството не беше во криза.

Бурни реакции пристигнаа и од сидникатите кои предупредија дека со намалувањето на платите на јавните службеници би се создала социјална криза.

Критики пристигнаа и од партиите од албанскиот блок. Освен од опозициските, остра реакција стигна и од ДУИ, партнерот на СДСМ во Владата. Министерот за економија Крешник Бектеши јасно порача дека  нема да поддржи никакво намалување на платите на работниците.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста