САШО ФИЛИПОВСКИ НА ТРЕНЕРСКОТО СТОЛЧЕ ВО ПАРТИЗАН

Македонскиот кошаркарски тренер, Сашо Филиповски ќе го наследи Влада Шчепановиќ на кормилото во српски Паризан. Филиповски ги договорил условите со раководството на „Црно-белите“ и негова промоција се очекува до крајот на неделава. Се очекува да пристигне во клубот заедно со својот помошник Боби Митев со кого беше и во редовите на Монако. Филиповски ги водеше и екипите на Банвит, Зелена Гора, Унион Олимпија, Лотоматика Рома, Локомотив Ростов, Туров и беше асистент во ЦСКА Москва.