Саша Богдановиќ за време на полициски час снимен во кафeана

Несомнено, власта ја искористи пандемијата со коронавирусот и удри по џебот на македонските граѓани казнувајќи ги за непочитување на мерките. Граѓаните во голем дел се оставени сами на себе и едвај сврзуваат крај со крај, освен тие кои се во блиски релации со актуелната власт.

И по се изгледа правилата, мерките и законите не важат за државните функционери на СДСМ.

Кога сме во ек на трет бран од коронавирусот, кога имаме рестриктивни строги мерки, полициски час, затворени угостителстки објекти, кога луѓето се затворени дома се со една цел, да се заштитат себеси и своите најблиски, и да допринесат за побрзо пребродување на овој опасен вирус, се чини дека за градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овие мерки и закони не важат. Тој вечерва е фотографиран со неколкумина во еден ресторан во Дебар Маало како што тврдат некои медиуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста