Сари жали поради испуштената победа

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, по нерешените 2:2 со Атлетико во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите жали поради испуштените два бода во финишот на мечот.

– Одигравме добро. Сепак на крајот имаме горчлив вкус од оваа средба, бидејќи ни се чинеше дека натпреварот е во наши раце. Ние мора да посветиме поголемо внимание на концентрацијата до самиот крај. Бидете сигурни дека ќе работиме на ова. Во глобала сум задоволен од нашето издание и од тоа како сработеното на тренинзите го имплементираме на натпреварите, изјави Сари.

Јувентус синоќа против Атлетико во Мадрид до 70 водеше со 2:0, но до крајот прими два гола и освои само бод.