Санкционирани 27 мотоциклисти во Велес

Санкционирани 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18.00 часот на 18.09. до 03.00 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци.
Покрај во Велес, како што веќе информиравме, во текот на изминатото деноноќие во Скопје беа санкционирани 384 учесници во сообраќајот, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста