Самостојна изложба на Љупчо Бојаров во Велес

Самостојната изложба на академскиот сликар Љупчо Бојаров в четврток ќе биде отворена во Народниот музеј во Велес. Публиката ќе може да ги погледне ликовните дела на Бојаров, изработени во мал формат од 1985-та до 2019-та година.

Делата се изработени во следните ликовни техники: масло на платно, цртежи, линорез во боја графика, дрворез графика и објекти. На изложбата ќе бидат прикажани ликовни истражувања на симболи и знакови изработени во поседниве три децении. Искуството од истражувањето во повеќе ликовни техники ќе биде преставено на четирисетина дела.

Љупчо Бојаров е роден на 16.08.1959-та г. во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1978-ма година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984-та година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Добитник е на повеќе награди, во земјава и во Шведска, Италија, во поранешна Чехословачка.

Досега имал повеќе самостојни изложби и учествувал на меѓународни изложби во нашата држава и во Србија, Шведска и Црна Гора. Бил дел од групни и меѓународни групни изложби во нашата земја и во Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Англија, Франција, Америка, Грција, Египет, Италија и Бугарија.