Само пет слободни места на Инфективното одделение во Штип, на удар се младите

Расте црната ковид статистика. Тројца пациенти на возраст од 63 до 73години од Берово,Пробиштип и каменичкото село Тодоровци ја загубија битката со корона вирусот на инфективното одделение во Штип. Штипска инфектологија е речиси полна. Останати се само пет слободни места, а само ноќеска се хоспитализирани шестмина нови.  Она што загрижува е тоа што се почеста мета на делта сојот се помладите паиенти. Добар дел од ковид  пациентите лекарска помош бараат откако здравствената состојба драстично ќе им се влоши, посочуваат инфектолозите.

Сите што доаѓаат за прием се во исклучително тешка здравствена состојба и имаат потреба од кислородна поддршка. Тие ги хоспитализираме . Оние пациенти кои се стабилни, со пневмонија кои може дома да се лекуват остануват дома со терапија, но доколку ситуацијата им се влоши веднаш ги хоспитализираме„ -изјави д-рДијана Шишкова, началник на Инфективно одделение при КБ-Штип.

Според статистиката на штипскиот Центар за јавно здравје од позитивни на вирусот една третина се од 20 до 49години, а 11% од инфицираните се на возраст од 10 до 19години. Место повеќе се бара и  во кочанската модуларна болница. Во моментот се хоспитализирани 15 пациенти, сите се со полесна клиничка слика. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста