Само еден приговор до ДИК од гласањето во источниот регион

Асфалтирање и реконструкции на улици, чисти паркови, подобар живот ова од новиот градоначалник го очекуваат Штипјани. Му порачаа веднаш да си ги засука ракавете и да почне со реализирање на ветените проекти..

Вечерва завршува рокот за жалби. За Источниот регион до ДИК има пристигнато само еден приговор поднесен од СДСМ за избирачко место 618 во Македонска Каменица. Дали овде ќе се прегласува Комисијата во рок од 72часа треба да донесе одлука. Засега нема приговори од Штип. Доколку работите останат вака, веќе наредната недела Штип може да го добие новиот градоначалник и општински совет .

  „Веќе од наредната недела Општина Штип ќе добие нов градоначалник и совет. Во исто време се погласуваат мандатот на градоначалникот и членовите на Советот„-изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК.

Веќе е познат составот и на општинските совети. Во Виница, Зрновци, Карбинци и Штип по број на членови предвови ВМРО-ДПМНЕ, а во Берово и Делчево СДСМ. На овие избори изненадија независните кандидати  во Пехчево , Пробиштип, Чешиново-Облешево и Кочани. Ниниот глас ќе биде одлучувачки која партија ќе го има мнозинството во наредниот советнички состав.  На 31октомври силите за нов градоначалник ќе се премеруваат токму во овие општини..

Александр Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста