ЛИДЕРИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДЕНЕСКА ВО 16.00 ЧАСОТ ЌЕ ГО ПРОДОЛЖАТ САМИТОТ ВО БРИСЕЛ. ТИЕ НЕ УСПЕАЈА ДА ПОСТИГНАТ КОМПРОМИС ЗА БУЏЕТОТ НА УНИЈАТА И ЗА ФОНДОТ ЗА ОБНОВА ОД КОРОНАВИРУСОТ. САМИТОТ ПОСВЕТЕН НА ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКО ЗАКРЕПНУВАЊЕ БЕШЕ СУСПЕНДИРАН  И ПО ИЗВРШЕНИТЕ КОНСУЛТАЦИИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДЕНЕСКА ПОПАДНЕ. ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БУЏЕТОТ НА ЕУ ОД 1,85 ТРИЛИОНИ ЕВРА И ЗА ФОНД ЗА ОПОРАВУВАЊЕ ОД НАЈТЕШКАТА КРИЗА УКАЖАА НА НЕСОГЛАСУВАЊАТА МЕЃУ ЧЛЕНКИТЕ НА БЛОКОТ.АТМОСФЕРАТА ОСОБЕНО СЕ ВЖЕШТИ ОТКАКО ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЕМАНУЕЛ МАКРОН ГИ КРИТИКУВАШЕ ЛИДЕРИТЕ НА ХОЛАНДИЈА И НА АВСТРИЈА